Супер-агентот Мино Рајола признава дека е возможно Пол Погба да се врати во Јувентус, но дека пред крајот на договорот следното лето прво ќе зборува со Манчестер јунајтед.
Бидејќи договорот му завршува на крајот на 2021/22, Погба дури може да потпише и пред-договор со друг клуб веќе во јануари и да си замине како слободен играч. Шпекулациите во Англија велеа дека пристигнувањето на новите засилувања Кристијано Роналдо, Рафаел Варан и Џејдон Санчо го кренал ентузијазмот за нов договор со „ѓаволите“, но Рајола вели дека уште ништо не е одлучено.
„Пол Погба е без договор во јуни, така што ќе разговараме со Ман јунајтед и ќе видиме што ќе се случи. Пол уште го сака Торино и има шанси да се врати во Јувентус, но тоа зависи и од планот на клубот“, изјави Рајола.
Јувентус еднаш веќе го добија Погба како слободен играч во 2012 година, по што по четири години се врати во Јунајтед за 100 милиони евра во 2016 година. Од друга страна, Јувентус по огромната загуба минатата сезона се обидува да ги намали трошоците на плати и нудат максимум од 10 милиони евра по сезона, далеку помалку од сумата која би ја добил на „Олд Трафорд“.
Mino Raiola to Rai Sport: “Paul Pogba is out of contract in June, so we’ll talk with Man Utd and we’ll see what happens. Juventus? Paul still loves Turin. There’s a chance that Pogba will return to Juventus, yes – but it also depends on Juventus plans”. ? @CorSport #MUFC #Juve pic.twitter.com/dQvi8ckDGY
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 17, 2021