Top Sport

Првиот човек на „Пума“ се извини за „невидливиот“ грб на дресот на Борусија

Германската компанија за производство на спортска опрема „Пума“ се извини на лутите навивачи на Борусија Дортмунд за нивниот новопромовиран дрес кој го носеа на мечот од Лигата на шампионите во вторникот.

И покрај одличниот натпревар во кој Џуд Белингам и Ерлинг Халанд постигнаа голови за 2:1 победа, навивачите беа лути што на дресот имаше „невидлив“ грб на клубот, приморувајќи го генералниот директор на „Пума“, Бјорн Гулден да се извини.

„Жалиме за лутината на навивачите и би сакале да им се извиниме. Го слушнавме нивниот глас и ќе бидеме повнимателни во следните дизајни, како и во минатото“, вели Гулден.

Ова не е првпат овие нови дресови на „пума“ да предизвикаат проблеми – навивачите на Милан, Марсеј и Манчестер сити се пожалија за дизајнот без грбот на клубот, а напаѓачот на Фенербахче, Мухамед Гумушкаја славно го бараше грбот на клубот да го бакне по постигнат гол, но не го најде.

Никој не ги сака новите дресови на „Пума“ – каде е грбот на клубот?

Scroll to Top