Нона Гаприндашвили, петтата женска светска шампионка, го тужи „Нетфликс“ за 5 милиони долари, откако во серијата „Дамски гамбит“ (The Queen’s Gambit) беше посочено дека таа никогаш не играла шах против мажи, а исто така ја опишуваат како Русинка, а не Грузијка.
80-годишната Гаприндашвили е лута на последната епизода во мини-серијата во која се вели дека „единственото необично за неа е тоа што е жена“.
„Ниту тоа не уникатно во Русија. Тука е Нона Гаприндашвили, која е женска светска шампионка и никогаш не играла со мажи“, се вели во серијата.
Гаприндашвили, која има 11 шаховски олимписки злата за Советскиот Сојуз и Грузија, вели дека во својата кариера до 1968 година (кога се одвива епизодата), таа играла со барем 59 машки шахисти.
„’Нетлфикс’ намерно лажеше за остварувањата на гаприндашвили со цинична цел да ја зголеми драмата и нивниот фиктивен лик да направи нешто што не направила ниту една жена“, се вели во објавата на Гаприндашвили.