Јамајчанската спринтерска легенда Јусеин Болт и порача на Американката Ша’Кери Ричардсон да престане да ги предизвикува ривалите со своите зборови и наместо тоа да почне да тренира посилно.
21-годишната Ричардсон обезбеди место на Олимпијадата во Токио, но доби суспензија за позитивен тест на канабис и доби едномесечна суспензија и ги пропушти Игрите. Таа тврдеше дека користеле марихуана за да се справи со смртта на нејзината биолошка мајка, а по крајот на суспензијата беше последна во својата трка. Болт, кој е светски рекордер на 100 и 200 метри и осумкратен олимписки шампион има јасна порака.
„Би кажал да почне да тренира повеќе и да биде фокусирана на тоа да не зборува премногу. Кога зборуваш големи работи, тие мора да се поткрепени со успеси на тартанот. Затоа тренирај, врати се и победи ги ривалките. Потоа зборувај“, вели Болт.
Оваа реакција доаѓа по инцидентот пред Префонтејн класик митингот во Орегон минатиот месец, кога пред својата прва трка по суспензијата таа на социјалните мрежи напиша: „Се одморив и сега е време за игра, кучки. Немате поим!“. Јамајчанските спринтерки стигнаа до победа на таа трка на 100 метри, а Ричардсон беше последна.
„Јамајчанките беа наострени бидејќи таа зборуваше многу пред трката. Нам не ни се допаѓаат такви провокации, бидејќи сме горд народ. Ако зборуваш дека ќе не победиш, тогаш подобро направи го тоа. Знаев дека Илејн Томпсон-Хера ќе победи, но не очекував Ша’Кери да биде последна. Нормално, потоа и се смееја“, објаснува Болт.