Рагбито е еден од „најмашките“ спортови на планетата, каде што честопати се заминува со крвава глава, сериозна повреда или слично. Меѓутоа, сте се запрашале што е потребно да направите за да добиете црвен картон?
Тука на сцена стапува Јужноафриканецот Рино Питерсе од францускиот клуб Кастр, кој покажа како фаул е потребен да се добие директен црвен со неверојатно брутален фаул против Бордо.
23-годишниот играч му влезе на Максим Луку со неверојатен бодичек, кој предизвика хаос на теренот и исфрлање на Питерсе. Да појасниме – не се работи толку за грубиот удар туку за тоа што во рагбито било кое соборовање е дозволено само кога играчот ја има топката во рацете, и во исто време мора да го „прегрнат“ противникот за да спречат удар со раме. Исто така не е дозволено да собориш играч чии нозе не се на земјата. Питерсе ги прекрши трите правила.
За иронијата да биде поголема, неговиот Кастр со поен во финишот на мечот извлече 23:23 реми.
Ryno Pieterse shown a straight red card for this tackle on Maxime Lucu #COUBB #TOP14 pic.twitter.com/KA2WuHfTaX
— Jared Wright (@jaredwright17) September 18, 2021