Top Sport

Михајловиќ е пред смена во Болоња – Даниеле де Роси на негово место!

Избраниците на тренерот Синиша Михајловиќ вчера доживеаја дебакл на „Џузепе Меаца“ од Интер, 6:1.

„Мечот заврши уште во првото полувреме, ние игравме, тие даваа голови. Премногу лесно примивме голови. Да издржевме нерешено на полувреме, можеби ќе беше поинаку“ рече Михајловиќ по мечот.

Информациите од Италија се дека Управата на клубот веќе го губи трпението , па медиумите пишуваат дека Миха е пред отказ, а како главен кандидат за негов наследник се споменува поранешниот ас на Рома, Даниеле де Роси.


Тој последната година работеше во стручниот штаб на селекцијата на Италија, како асистент на Манчини.

Иако неодамна се споменуваше како кандидат за кормилото на Фиорентина, Де Роси би можело во Болоња да ја добие првата самостојна тренерска работа.

Михајловиќ во Болоња е од јануари 2019 година.

Scroll to Top