Top Sport

Лацио спаси бод во Рим, прв пораз за „волчицата“ на Мурињо

Иако во првото полувреме римските ривали Лацио и Рома имаа предност против Каљари, односно Верона, сепак на крајот двата тима собраа само 1 бод.

Лацио на „Олимпико“ одигра 2-2 против Каљари откако до 83 минута беше во негатива од 2-1.

Сепак, по првиот дел момците предводени од Маурицио Сари имаа предност од 1-0 со голот на Имобиле во 45 минута.
Во вториот дел Жоао Педро на стартот на полувремето израмни на 1-1, а во 62. минута Балде донесе гостинска предност од 2-1.

Сепак за еден бод за „небесносините“ се погрижи Каталди во 83 минута.

Рома, пак, по првите 45 минута кај Верона имаше предност со голот на сезонава одличниот Лоренцо Пелегрини, од 36 минута.

Сепак, во второто полувреме „волчицата“ прими дури 3 гола.

Најпрво Барак во 49. израмни на 1-1, а пет минути подоцна Капрари носи домашна предност од 2-1.

Со автоголот на Илиќ во 58. минута четата на Жозе Мурињо доаѓа до реми 2-2, но само пет минути подоцна домашниот фудбалер Фараони гаѓа прецизно за конечни 3-2.

По 4 одиграни кола Рома останува четвртопласиран тим со 9 освоени бодови, додека Лацио има 7 доволно за седмата позиција.

Scroll to Top