Тренерот на Јувентус, Макс Алегри објаснува дека и тој е „само човек“, бранејќи го своето однесување и лутата реакција по 1:1 ремито со Милан во неделата.
Алегри беше фатен на камери како си заминува од теренот пцуејќи ги своите играчи незадоволен со однесувањето и залагањето на теренот. По ова, тој и на прес-конференцијата по мечот им порача на младите фудбалери дека не знаат што значи да се носи дресот на Јувентус.
Сега, кога ситуацијата се смири, и пред мечот со Специја во среда, Алегри ја објасни реакцијата.
„Да се зборува за минатото нема смисла. Поминаа седум години, и две од последиот пат кога бев Јувентус. Ова е поинаков тим од тој што ги имав. Јас сум само човек и понекогаш губам нерви. Тимот бидејќи игра заедно две години без прекин, тие кои ќе влезат од клупата мора да се одлчувачки. Сакам почит од тие кои ќе стартуваат и тие кои ќе бидат на клупата. Респект и одговорност“, вели Алегри, откако Јувентус првпат по 60 години нема победа во првите четири кола од Серија А.
Според италијанските медиуми пак, главниот проблем на Алегри е лошата комуникација со играчите, кои едноставно или не ги разбираат, или не ги следат неговите инструкции.
Се „тресе“ во Торино – Алегри: И тие сакаат да играат за Јувентус!