Жалгирис од Каунас го освои третото место во кошаркарската Евролига, откако со 79:77 во драматичен финиш беше подобар од фаворизираниот тим на ЦСКА Москва.
Литванскиот клуб беше во водство во поголемито дел од мечот, од дури 23 поени разлика на почетокот на последната четвртина, кога Михаил Кулагин имаше фантастично шоу со три тројки и едно слободно фрлање ги враќа Русите во игра. При 79:77, ЦСКА дури имаше и напад за продолжение, но на крајот Литванците славеа во Белград.
Zalgiris Kaunas players and fans celebrating the 3rd position in Euroleague. Emotional moment with Fenerbahce supporters as well singing Zalgiris #f4glory pic.twitter.com/kHjZjRtIiA
— Sportando (@Sportando) May 20, 2018
Василије Мициќ имаше 15 поени за Жалгирис, додека за ЦСКА најефикасен беше Михаил Кулагин со 14 поени, а Кори Хигинс уфрли 12.
Големото финале меѓу Реал Мадрид и Фенербахче стартува во Белград во 20 часот.
Фото: ЕПА