Кошаркарите на Реал Мадрид, предводени од новата ѕвезда на европската (и светската) кошарка, Лука Дончиќ стигнаа до 10. европска титула, откако во финалето на Евролигата во Белград со 85:80 го совладаа досега актуелниот шампион, турскиот Фенербахче.
Фенер започна подобро во „Белградската арена“ и преку Калиниќ и Дувериолу, но потоа шпанскиот клуб уфрли во „втора брзина“ и со одлична низа стигна до +8 на почетокот на втората четвртина.
Николо Мели со своите 11 поени ги одржа Фенер во игра, и актуелниот шампион се врати во водство, за на полувреме тимот на Жељко Обрадовиќ да замине со 40:38. Шпанците одлично го започнаа второто полувреме со низа од 7:0, и оваа предност ја одржаа до финишот на натпреварот, и покрај храбриот обид за кам-бек на Фенер во последната четвртина.
Најефикасен за „Лос бланкос“ беше Французинот Фабиен Косер со 17 поени, додека Дончиќ, кој веќе беше прогласен за МВП на сезоната уфрли 15 поени. Во Фенербахче Николо Мели имаше дури 28 поени, а Бред Ванамејкер беше сопрен на 14.
Неуспехот на турскиот клуб значи дека нивниот тренер Обрадовиќ ќе мора да почека пред да ја прослави десеттата европска титула.
Реал Мадрид пак, по 10. кошаркарска титула, има шанса да биде и фудбалскиот владетел на Европа, бидејќи на 26 мај го игра и финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул.
oh WOW!
The huge slam by @nikola_kalina #7DAYSMagicMoment #F4GLORY pic.twitter.com/wjUhQjYeoi
— EuroLeague (@EuroLeague) May 20, 2018
The steal from @rudy5fernandez leads to the Taylor SLAM!#7DAYSMagicMoment #F4GLORY pic.twitter.com/yS55Dn3Tf8
— EuroLeague (@EuroLeague) May 20, 2018
.@23Llull with the patient play to find Randolph in the corner who DRILLS the ?#7DAYSMagicMoment #F4GLORY pic.twitter.com/mOEN0UaUgJ
— EuroLeague (@EuroLeague) May 20, 2018