Top Sport

Анчелоти: Му ја најдовме позицијата на Марко Асенсио

Незадоволниот Марко Асенсио ја искористи шансата која ја доби од Карло Анчелоти. Асенсио постигна хет-трик во убедливата победа на Реал над Мајорка (6:1). 25-годишниот фудбалер прв пат во кариерата постигна три гола на еден натпревар.

„Асенсио одлично се снаоѓа на позицијата на која играше против Мајорка. Кога игра во меѓу просторот може да му нанесе многу штета на противникот, одлично комбинира со напаѓачите, а има и одличен шут. Мислам дека тоа е неговата вистинска позиција“, рекол Анчелоти.

Наредниот натпревар Реал ќе го одигра во сабота, против Виљареал.

Scroll to Top