Кошаркарите на белградски Партизан со новиот кормилар Жељко Обрадовиќ во понеделник ќе го имаат првото АБА искушение нагости кај Задар. Подготовките завршија. Трофејниот тренер имал 50-минутно предавање на разни теми. Една од нив била и користењето на мобилните телефони.
„Суштината на тренерската работа е да им помогнеш на играчите. Достапен сум ви 24 часа за било што. Не носам телефон на тренинг и на појадок и тоа го барам и од играчите. Концентрацијата е неопходна. Кога ќе влезам во автобусот и ќе ги видам како ги разгледуваат телефоните, знам каков ќе биде тренингот“ рече Обрадовиќ.
Неколкупати нагласуваше дека концентрацијата е многу важен фактор.
„Имав можноста од искуство да видам како е на тренинг нештото на еден да му го објасниш еднаш, а на друг стопати и нема шанса да те разбере. По тоа се разликуваат играчите. Вистинските кошаркари се концентрирани, на другите можеш да им зборуваш, да им зборуваш – бадијала. Пред се на оние младите, им кажувам дека има и други работи во животот, некои се лутат, некои се благодарни“ вели Обрадовиќ.
Тој сподели и примери од периодот додека беше на кормилото на Фенербахче.
„Таму имав 120 опции во нападот, сега во Партизан имам 15. Час и 45 минути работев 5 наспроти 0. Некои не можат да ги разберат ниту наједноставните работи. Ако имате лесен кош на тренинг, не значи дека нападот е добар, во поголем број случаи тоа значи дека одбраната е лоша“ заклучи популарниот стратег.