Вест хем преку својот официјален Твитер профил се потсмеваа со ѕвездата на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо, откако Пабло Форналс успеа да му ја протне топката низ нозе при вчерашната 0:1 победа на „Олд Трафорд“ во ЕФЛ купот.
Санчо, кој за големи пари пристигна од Борусија Дортмунд ова лето, вообичаено е човекот кој фасцинира со своите потези и трикови, но овојпат во второто полувреме од мечот, тој беше посрамотен при обидот да го „притисне“ Форналс во неговиот шестнаесетик, добивајќи топка меѓу нозе и контранапад.
„Се гледаме!“, му напишаа од Вест хем со емоџи од хот-дог, посочувајќи дека 21-годишниот Англичанец беше пратен по хот-дог (кај нас би кажале по бурек).
Санчо, слично како Дони ван де Бек беа стартери против Вест хем, но не успеаја да го однесат тимот до победа.
See ya later ?
? @pablofornals pic.twitter.com/ElsRXBs9aH
— West Ham United (@WestHam) September 23, 2021