Златан Ибрахимовиќ признава дека мора да ги земе во предвид ограничувањата на неговото тело пред својот 40-ти роденден, објаснувајќи дека не е Супермен.
Напаѓачот на Милан, кој честопати самиот се сместуваше меѓу модерните великани на фудбалот, во необичен момент на скромност, призна дека дури и тој има бариери кои тешко се надминуваат
„Кога бев млад, само играв, дури и кога чувствував болка во нозете. Сакав да победувам и да давам голови, тоа беше најважно. Со време и со искуство, почнав да ја користам главата и сфатив дека е многу важно да се слуша своето тело. Мојата глава е добро, но моето тело старее и не може секогаш да се носи со главата. Оваа година морам да го слушам телото, секој сигнал кој ми го дава. Само така ќе избегнам сериозни последици. Морам да размислувам полека, ден по ден и да сфатам дека не сум Супермен“, вели Златан.
Тој во моментов е во аут со повреда на ахиловата тетива, но се верува дека ќе може да се врати во акција во дуелот од Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид. Златан има уште едногодишен договор со Милан.