Top Sport

Мбапе се жали на Нејмар: Не ми ја додава топката

Килијан Мбапе не е задоволен во Пари Сен-Жермен. Тоа е одамна јасно, а снимката на која беше „фатен“ како се жали дека Нејмар не му ја подава топката уште повеќе ќе ја вжешти атмосферата во тимот полн со фудбалски ѕвезди.

ПСЖ ја продолжи доминацијата во францускиот шампионат вчера со 2:0 победа над Монпелје, но камерите го фатија Мбапе како се жали на Идриса Гана Геје дека Нејмар не му ја додава топката кога е во позиција, откако Бразилецот му асистираше на Јулијан Дракслер за вториот гол.

„Кога јас сум таму, тој не ми ја подава топката“, вели Мбапе.

Се очекуваше Мбапе во летниот преоден рок да го комплетира посакуваниот трансфер во Реал Мадрид по наводното незадоволство по пристигнувањето на Лео Меси на „Паркот на принцовите“, но ПСЖ ги одби сите богати понуди на шпанскиот клуб во обид да го убедат до крајот на сезоната да го продолжи договорот.

Scroll to Top