Top Sport

Конте на голема врата се враќа во клупскиот фудбал

Сопствениците на Манчестер јунајтед го губат трпението со менаџерот Оле Гунар Солскјер, поради што го контактирале Антонио Конте, тврдат британските медиуми. Според овие извори, на првиот состанок преговарале околу платата на италијанскиот тренер.

Антонио Конте, ја освои титулата со Интер и потоа го напушти клубот. Сега работи како аналитичар за „Скај Италија“.

Платата на Конте беше товар за клубот, а тренерот реши да замине откако челниците го известија дека нема да добие пари за нови играчи, туку дека клубот ќе мора да продаде некои играчи за да излезе од финансиската криза.

Тоа и се случи, Интер во преодниот рок го напуштија Ашраф Хакими и Ромелу Лукаку.

Солскјер од почетокот на сезоната бележи променливи резултати, Манчестер јунајтед испаднаа во осмина-финалето во Лига купот, во првенството дожвеаја пораз на домашен терен од Астон Вила, а во Лигата на шампионите стартува со пораз од Јанг Бојс.

Scroll to Top