Боксерските мечеви на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро во 2016 биле наместени од страна на судиите на мечевите, покажува последната истрага која ја направи Ричард Мекларен по барање на Интернационалната боксерска асоцијација (АИБА).
Мекларен, кој е познат по тоа што ја спроведе истрагата за систематското допингување во рускиот спорт по што Русија доби казна, утврди дека официјалните лица на АИБА избирале судии на мечевите за да осигураат дека исходите на мечевите ќе бидат манипулирани.
„Постоеше култура на страв, заплашување и корупција меѓу судиите на боксерските мечеви“, се вели во извештајот, посочувајќи дека барем 11 меча биле вака „корумпирани“, вклучувајќи борби за медали.
Еден од најскандалозните мечеви во 2016 беше мечот помеѓу Русинот Мајкл Конлан и Русинот Владимир Никитин. Откако судиите оценија дека Русинот победи, Конлан им покажа среден прст и ги обвини АИБА за корупција.
АИБА од декември има нов претседател, рускиот бизнисмен Умар Кремљев, по што го смени начинот на бодување од Олимпијадата во 2016, и на Игрите во Токио оваа година ниту еден судија од 2016 не беше избран за 2020. Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) подолго време се заканува дека ќе го исклучу боксот од Олимпијадата доколку продолжат скандалите во АИБА.