Селтик доживеаја срамотен 0:4 пораз од Баер Леверкузен вчера во меч од Лига Европа, но барем еден нивни фудбалер, Кјого Фурухаши импресионираше со својата класа и своето однесување.
Јапонскиот напаѓач беше сменет од игра во 74. минута во првиот меч по интернационалната пауза, и наместо да седне на клупата и да покаже колку е незадоволен, Кјого прво аплаудираше на фановите на „Селтик парк“, по што почна да го собира ѓубрето од работ на теренот.
Ова не е првпат јапонските фудбалери да ја пренесат својата култура, откако на Светското првенство во Русија во 2018 година, ја оставија својата соблекувална почиста од стартот на мечот. Сличното се повтори на Азискиот куп следната година.
Не се работи само за фудбалерите, туку и за навивачите, кои спектакуларно ги оддржуваа чисти стадионите на Светското првенство во 2006 година.
Just Kyogo picking up the rubbish on his way to the bench..what an absolute angel ?? pic.twitter.com/E08GaWqDhT
— Julie Clark (@julieclarkx) September 30, 2021
Amazing from Japan.
This is how they left the changing room after losing v Belgium: cleaned it all.
And in the middle, have left a message to Russia: “Spasibo” (Thank you) pic.twitter.com/lrwoIZt2pR— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) July 3, 2018