Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос вели дека Зинедин Зидан донел фантастична атмосфера во клубот, признавајќи дека во минатото имало многу поделби во соблекувалната меѓу фудбалските ѕвезди.
Реал во сабота оди на историска трета победа едноподруго во Лигата на шампионите.
„Претходно можеби имавме малку поделена ситуација во соблекувалната, но сега атмосферата е одлична. Нема судир на его, нема себичност никаде во групата. Кога победуваме, победуваме како клуб, и така победува секој инидивидуалец“, вели Рамос.
Поради лошата сезона во Шпанија, Реал беше на удар на критичарите оваа сезона, но капитенот вели дека тоа не влијаело на атмосферата.
„Критиките никогаш не не натераа да го смениме фокусот. На ист начин како што пофалбите не не направија арогантни. На патот до финалето победивме многу добри тимови и не сме случајно во финалето. Ми беа потребни осум години да играм во финале од Лигата на шампионите, така што искуството секогаш го ценам. Имаме шанси да станеме легендарен тим, вистинска спортска династија. Четири финалиња во пет години, никој не може да се пофали со тоа“, додава Рамос.
Фото: ЕПА