Карлос Саинс јуниор, кој од следната трка ќе биде возач на Рено, се извини на својот досегашен тим Торо Росо за излетувањето на неделното Јапонско ГП.
Саинс својата последна трка со тимот од Фаенца го заврши со извртување во првиот круг, откако стартуваше од последното место поради менување на делови на моторот.
„Не сум среќен што моравме да завршиме вака. Сакам да се извинам на сите, бидејќи само ставивме лош крај на многу добра приказна. Треба да бидеме горди со успесите во овие три заеднички сезони, така што нема да си заминам тажен поради лошата трка. Оставам зад себе фантастична група на луѓе, големи човечки суштества, големи професионалци и големи пријатели“, вели Саинс.