Top Sport

Шакира и Пике уште се заедно

Жерард Пике никако да здивне. Дефанзивецот на Барселона имаше неколку лоши недели, откако како познат поддржувач на каталонскиот референдум, беше исвиркуван од шпанските навивачи на тренинзите и на натпреварот, по што дури се закани дека може да си замине од националниот тим.

Во исто време, околу приватниот живот на Пике се „свртеа“ многу приказни. Во четвртокот шпекулациите во шпанските и колумбиските медиуми тврдеа дека Пике се разделил со својата сопруга, поп-ѕвездата Шакира.

Ова не е првпат да се тврди дека нивната врска е завршена, бидејќи последен пат во јавност заедно беа видени во јуни на свадбата на Лионел Меси со Антонела Рокуцо во Аргентина. Публицистот на Шакира на ова одговори со соопштение.

„Врската меѓу Шакира и Жерард Пике уште е силна. Сè е исто. Ова беа шпекулации од луѓе кои сакаат да му наштетат на Пике“, се вели во соопштението објавено во шпанскиот магазин „Хола“.

Пике и Шакира имаат две деца – 4-годишниот Милан и 2-годишната Саша.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top