Top Sport

Хaјнкес потпишал поради кучето?

Откако си замина со тројна титула во 2013 година, Јуп Хајнкес беше уште еднаш повикан за „спас“ на Баерн Минхен. 72-годишниот Хајнкес стана најстариот тренер во првите пет најдобри европски лиги заменувајќи го Карло Анчелоти, кој беше отпуштен по слабиот старт на сезоната.

Зборувајќи на прес-конференцијата во понеделникот на „Алијанц арената“, Германецот беше запрашан како се решил да го прекрши претходното ветување дека му е доста од менаџерската позиција. Тој открива дека главната причина не е било убедувањето од директорот Карл-Хајнц Румениге, туку неговиот миленик – кучето.

„Немаше да се вратам во било кој друг клуб на светот, но Баерн Минхен за мене е љубовна врска. Мојата ќерка и мојата сопруга ме советуваа за одлуката, но тогаш моето куче Кандо залаја двапати и договорот беше потпишан“, објаснува Хајнкес.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top