Top Sport

Иронија – Таусенд голот против Манчестер јунајтед му го посвети на Роналдо

Евертон успеа да освои бод на „Олд Трафорд“, во седмото коло. Таусенд го постигна голот за „карамелите“ во 65.минута. Евертон беше поблиску до победата, во 84.минута ВАР го поништи голот на Јери Мина.

Иронично или не Таусенд, голот, му го посвети на Кристијано Роналдо. Го прослави во стилот на Роналдо.

„Не е провокација. Тоа беше посвета за Роналдо. Тој е мојот идол. Голема чест ми претставува што го делев теренот со него“, рекол Таусенд по натпреварот.

Scroll to Top