Јуниорскиот репрезентативец на Македонија во борење во слободен стил, Елмедин Сејфулаху, го освои сребрениот медал на Балканското првенство кое се одржува во Бурса, Турција.
Сејфулаху во финалето, во категоријата -60 килограми, загуби од Бугаринот Микјај Наим, кој е европски вицепрвак во оваа дициплина, со 5:15.
На патот до финалето Сејфулаху извојува три победи против противници од Турција 8:3, Гани Халили од Косово 8:0 и Норберт Молнос од Романија 8:2.
фото/ipon.mk