Top Sport

Ѕвездата на Арсенал, Габриел вторпат си го бараше забот по меч со Брајтон

Бразилскиот дефанзивец на Арсенал, Габриел Магаљаеш, навистина нема среќа со тимот на Брајтон, откако вторпат загуби заб во дуел со играчите на „галебите“ во аботата на „Ајмекс“ при „беззабото“ 0:0 реми.

Габриел остана без дел од забот по еден дуел со голманот на Брајтон, Роберт Санчез во второто полувреме, кој му го дал на тренерот на Арсенал, Шед Форсајд, но вториот дел од забот остана некаде на теренот. По ова се појави снимката како тој по крајот на мечот, иначе одбележан со силен дожд го бара забот по теренот.

Фановите на Арсенал посочија дека ова не е првпат – во мај, тој го барал својот заб на „Емирати“ по 2:0 победата над Брајтон, кога му помагале и неговите соиграчи.

Scroll to Top