Top Sport

Шкупи го доби и Работнички за прво место на табелата

Шкупи ги покажа шампионските амбиции во македонската Прва лига, откако во неделното дерби со 2:0 го совлада Работнички за да се врати на првото место на табелата.

Нигериецот Сандеј Атетунџи ги донесе Шкупи во водство уште во десеттата минута од мечот, пред Кристијан Трапановски во 73. минута да ги обезбеди трите поени за скопскиот клуб.

По девет кола, Шкупи има 20 поени на врвот на табелата два повеќе од Ренова и сега пет пред Академија Пандев и Работнички.

Фото: ФК Шкупи

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top