Top Sport

Рикардињо и Португалија станаа светски шампиони

Футсал репрезентацијата на Португалија, предводена од ѕвездата Рикардињо стигнаа до титулата на Светското првенство во Литванија, откако со 2:1 го совладаа актуелниот шампион, Аргентина со 2:1.

Пани Варела постигна два гола во 15. и 28. минута за водство од 2:0, по што Аргентинците успеаја само да израмнат. Мечот беше контроверзен откако Аргентинецот Кристијан Боруто во финишот на полувремето со бокс во стомак го удри Рикардињо и заработи црвен картон. 36-годишниот Рикардињо, несомнено првата ѕвезда во футсалот, беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Бронзениот медал отиде кај Бразил, кој со 4:2 беше подобар од Казахстан.

Scroll to Top