Top Sport

Марк Маркез повторно е „шериф“ во Тексас!

Марк Маркез стигна до фантастична победа на Американското ГП на патеката во Остин, Тексас, што е негова седма победа во осум трки на патеката за која уште пред стартот многу мотоциклисти оценија дека е премногу опасна за тркање.

Трката во САД беше само втора надвор од Европа по стартот на пандемијата на КОВИД во март 2019 година, по откажувањето на трките во Аргентина, Јапонија, Тајланд, Малезија и Австралија последните две години. Меѓутоа уште пред трката многу возачи се пожалија на состојбата на асфалтот на патеката, велејќи дека ако следната година организаторите не ја обноват подлогата воопшто не треба да се тркаат во Америка.

Поточно, речиси сите тркачи освен Маркез, кој веќе имаше шест победи во низа на патеката пред во 2019 година да падне додека имаше огромно водство. Овојпат, тој немаше проблеми и по фантастичниот старт направи предност од неколку секунди која ја заддржа до крајот.

Французинот Фабио Квартараро, пак, направи уште еден чекор до титулата, откако го зголеми водството во генерален пласман на повеќе од 50 поени (две трки), завршувајќи втор зад Маркез, пред главниот ривал за титулата Франческо „Пеко“ Бањаја, кој ја искористи казната која ја доби Хорхе Мартин во борбата за подиум.

Scroll to Top