Top Sport

Хабиб за еден ден го смени тимот, од Јунајтед на Сити

УФЦ легендата Хабиб Нурмагомедов за еден ден ја смени верноста на клубовите од Манчестер, откако прво во саботата беше почесен гостин на Манчестер јунајтед, за во неделата да биде на „Енфилд“ во друштво на Олександер Зинченко и да навива за Манчестер сити во дербито со Ливерпул.

Хабиб е близок пријател на Кристијано Роналдо и изјави дека му е „чест“ да биде гостин на легендарниот фудбалски клуб Манчестер јунајтед. Тој таму се дружеше со Сер Алекс Фергусон, Патрис Евра, Јусеин Болт, Пол Погба и Рио Фердинанд.

Но, во неделата, тој беше во друштво со Зинченко на „Енфилд“, каде што призна дека навивал за Сити.

„Денеска беше фантастична атмосфера, со уште подобар натпревар. Денеска навивав за Сити. Го сакам овој спорт“, напиша Хабиб.

Scroll to Top