Top Sport

АТП отвори истрага за обвинувањата за насилство од Александер Зверев

АТП турнејата потврди дека ќе спроведе истрага околу обвинувањата за домашно насилство кон поранешната девојка на олимпискиот шампион, Александер Зверев, една година откако поранешната јуниорска тенисерка Олга Шарипова го обвини Германецот дека неколку пати сериозно физички ја нападнал.

Шарипова во август оваа година додаде нови обвинувања кон Зверев во интервју со магазинот „Слејт“, велејќи дека Зверев и удрил бокс во нивната хотелска соба за време на Мастерсот во Шангај во октомври 2019. Зверев постојано ги отфрла обвинувањата, и неодамна покрена судски случај против Шарипова за нарушување на угледот.

АТП беа критикувани што не постапиле по обвинувањата толку долго време, пред денеска да се јават со соопштение.

„АТП целосно го осудува секое насилство и ќе ги истражи обвинувањата за член на АТП турнејата. Се работи за сериозни обвинувања и мора да ги испитаме. Мое разбирање е дека Зверев ја поддржува истрагата и дека ги отфрла обвинувањата. Ќе ги следиме и судските разврски по случајот пред германските судови“, изјави претседателот на АТП, Масимо Калвели.

Зверев на поранешната девојка и велел: Јас заработувам, ти си никој и ништо

Поранешната девојка го обвини Зверев дека физички ја злоставувал

Scroll to Top