Клаудио Раниери по четврти пат се враќа во Премиер лигата, откако Вотфорд ги потврдија вестите дека 69-годишниот италијански стручњак ќе биде наследник на Чиско Муњоз во лондонскиот клуб.
„Стршените“ станаа првито премиерлигашки клуб кој се реши на тренерска промена по лошиот старт на сезоната во кој освоија само 7 поени во 7 меча, и се решија да го донесат искусниот Италијанец, кој славно ја освои титулата со Лестер во 2015/16.
Раниери беше без ангажман откако си замина од Сампдорија на крајот на минатата сезона, и сега по четврти пат ќе работи во Англија. Тој беше четири сезони на чело на Челси од септември 2000 до мај 2004, кога во овој период на „Стемфорд Бриџ“ пристигна новиот газда Роман Абрамович, пред најголемиот успех со Лестер, по што работеше и со Фулам од ноември до 2018 до февруари 2019, со само три победи во 17 меча.