Top Sport

Барса уште ги отплаќаат Кутињо и Пјаниќ – должат 115 милиони евра за трансфери

Барселона уште должи 115 милиони евра на различни клубови за трансфери на фудбалери во последните неколку години, и покрај тоа што успеале да ги намалат долговите кон клубовите за 28.4 проценти, тврдат шпанските медиуми.

Претседателот Жоан Лапорта и генералниот директор Фран Ревертер во среда ќе ги објават деталите по последната финансиска проверка на клубот, но ова е детаљ кој наводно е „протечен“ во јавноста.

Според нив, Барса должи 39 милиони евра на Јувентус за Миралем Пјаниќ, 32 милиони евра на Ајакс за Френки де Јонг, дополнителни 16 милиони евра на Ајакс за Сержињо Дест и 13 милиони евра на Ливерпул за Филипе Кутињо. Ова е вообичаено за големите клубови, кои големите трансфери ги исплаќаат на рати, но проблемот кај Барса е височината на сумата.

Барселона има загуба од 481 милиони евра за сезоната 2020/21, а буџетот за новата сезона е намален од предвидените 1.047 милиони евра на 765 милиони евра. И покрај тоа што ја намалија сумата која ја даваат за плати за 24 отсто на 470 милиони евра, загубата во последните две години е 578 милиони евра.

Scroll to Top