Барселона по заминувањето на Лионел Меси влезе во фаза на реконструкција. Тренерот Роналд Куман, од почетокот на сезоната, им пружи шанса на неколку фудбалери од клупската академија.
Од тинејџерите, најмногу се истакна Гави. Момчето кое неодамна наполни 17 години со добрите партии од стартот на сезоната, заслужи повик од селекторот на Шпанија, Луис Енрике. Гави е најмладиот репрезентативец во историјата на „црвената фурија“.
Барселона има намера што е можно поскоро да го врзе Гави со долгорочен договор. Клубот ќе му понуди договор до јуни 2026 година. Во договорот откупната клаузула ќе изнесува 500.000.000 евра.