Top Sport

Дибала ќе го продолжи договорот

Паоло Дибала ќе го продолжи договорот со Јувентус. Аргентинецот во Јувентус ќе остане до јуни 2025 година.

Дибала од наредната сезона ќе има годишна плата од осум милиони евра, со можност тој износ да биде зголемен за дополнителни два милиони евра.

Актуелниот договор на Дибала истекува по завршувањето на сезоната.

Дибала се наоѓа на рехабилитација, а се очекува на теренот да се врати на 17.октомври, против Рома. Според италијанските медиуми, пред тој натпревар, Дибала ќе го потпише новиот договор.

Аргентинецот е играч на Јувентус од 2015 година. Палермо од неговиот трансфер заработи 40.000.000 евра.

Scroll to Top