Роџер Федерер, во изминатите две години е далеку од правата форма и далеку од светскиот врв, меѓутоа и понатаму е прв според приходите.
Изминатите неколку години, Швајцарецот направил неколку брилијантни деловни потези. Во текот на 2018 година, Федерер ја одбил понудата за нов договор со„Најки“, компанија со која соработуваше од почетокот на кариерата.
Федерер реши да потпише со јапонската компанија „Јуникло“. Договорот е потпишан на 10 години и вреди 300 милиони долари. Во договорот не постои клаузула дека Федерер мора да игра додека тој трае.
Откако потпишал со „Јуникло“, Швајцарецот продолжи да игра во патиките на „Најки“. На еден тренинг решил да ги пропа патиките на „Он ранинг“, по што решил да стане глобален амбасадор на овој бренд. За овој договор тој добил уште 300 милиони долари.
Значи откако одбил 10 милиони долари од „Најки“, си направил простор да заработи 600 милиони долари.