Top Sport

Речиси сите навивачи на Њукасл бараат смена на тренерот

Здружението на навивачите на Њукасл јунајтед, се обидува да издејствува смена на менаџерот Стив Брус. Спровеле анкета во која ги прашале навивачите дали Брус треба да остане на менаџерската позиција.

Резултати од анкетата се поразителни за менаџерот Брус. За негово заминување гласале 94,3 отсто од испитаниците.

„Незадоволството на навивачите е оправдано, расте нивната загриженост, тоа јасно може да се забележи. Она што се счучува во клубот предизвикува бес на трибините, а резултат на тоа е токсичната атмосфера која им се сервира на играчите од кои сите очекуваат добри резултати“, стои во соопштението на навивачите.

Пред почетокот на сезоната 79,6 отсто од испитаниците истакнале дека Њукасл нема да остане во Премиер члигата, сега тој процент изнесува 95.9 отсто.

Њукасл јунајтед, по седум кола, се наоѓа на претпоследното место во Премиер лигата.

Scroll to Top