Олимпискиот шампион Александер Зверев има нова девојка, тврди германски „Билд“. Наводно се работи за 32-годишната германска актерка, Софиа Томала.
Зверев изминатиот период беше во фокусот на јавноста по обвинувањата на неговата поранешна девојја Олга Шарипова од Русија која го обвини за злоставување. Обвинувања на негова сметка дојде и од уште една негова поранешна девојка – Бренда Патеа со која ја има ќерката Мајла.
Поради ова дури и АТП покрена официјална истрага.
Сепак, се чини дека тоа многу не влијаеше врз 24-годишниот тенисер, па Зверев наводно веќе 6 месеци се забавува со Томала која наводно е во Индијан Велс за да му биде поддршка на германскиот тенисер.
Зверев не е првиот познат спортист со кој Томала била во врска. Пред тоа таа беше во љубов со германскиот фудбалски голман, Лорис Кариус кој се чини ќе остане запаметен како „киксерот“ од финалето во ЛШ меѓу Ливерпул и Реал Мадрид.