УЕФА објави дека Истанбул и нивниот „Ататурк стадион“ ќе бидат домаќини на финалето на Лигата на шампионите во 2020, враќајќи се на стадионот каде што во 2005 година се одигра еден од најдраматичните мечеви во историјата – Ливерпул се врати од 0:3 да го победи Милан на пенали за титулата.
Истанбул го победи Лисабон и „Луж“ за честа за биде организатор на финалето на ЛШ, додека полскиот Гдањск ќе биде домаќин на Лигата на Европа за две години.
Претходно, следната година новиот стадион на Атлетико Мадрид, „Ванда метрополитано“ ќе биде домаќин на финалето на ЛШ, а Лигата на Европа ќе патува во Баку, Азербејџан.