Првите патики на Мајкл Џордан на крајот на месецов ќе бидат ставени на аукција. Проценките ќе достигнат рекордна цена за обувки на аукцијата која ја организира „Sothbey’s“.
Патиките од серијата „Nike Air Ships“, Џордан ги носел на натпреварот против Денвер Нагетс на 1.ноември 1984 година. По завршувањето на натпреварот, Џордан патиките му ги подарил на едно од момчињата кои биле задолжени да ги собираат топките и да го бришат паркетот.
„Sothbey’s“, очекува овие патики да бидат продадени за цена од 1.000.000 до 1.500.000 долари.
Аукцијата ќе се одржи на 24.октомври.
Предметите кои биле во сопственост на Мајкл Џордан, за многумина најдобриот играч во историјата на кошарката, се најбарани кај колекционерите.
Патики кои Џордан го носел во 1985 година, од серијата „Nike Air Jordan 1 High“, во август минатата година, беа продадени за 615.000 долари.
Sneaker and Basketball fans, this one's for you! ?? Introducing the Most Valuable Sneaker Ever Offered at Auction: Michael Jordan’s Earliest Known Regular Season Game-Worn Nikes – the Nike Air Ships.https://t.co/UzDdJeXegC
— Sotheby's (@Sothebys) October 8, 2021