Top Sport

„Најдобар сум играч на голф во Реал Мадрид“

Герет Бејл летово се врати во Реал Мадрид. Велшанецот, одигра три натпревари, постигна еден гол и повотрно се повреди. Повредата на коленото ќе го оддалечи од фудбалските терени уште еден месец.

Додека му трае процесот на рехабилитација, тој има време да му се посвети на голфот. Никогаш не криел дека голфот му е на првото место, пред фудбалот и Реал Мадрид, кој го плаќа 17 милиони евра на годишно ниво.

„Во Реал Мадрид, покрај мене голф игра и Тибо Куртоа. Можам да кажам дека сум најдобриот голфер во Реал. Куртоа сигурно не е подобра од мене. Секоја можност ја користам да бидам дел од некој турнир“, рекол Бејл и дополнил.

„Неверојатно е под каков притисок се играчите на голф. И во фудбалот постои притисок, но не таков. Голфот е интелигентен спорт, во кој чувствувате неверојатен притисок на теренот, бидејќи сте сами на теренот и немате соиграчи кои можат да ви помогнат. И покрај тоа што некогаш играм фудбал пред 80.000 луѓе, во голфот чувствувам поголем притисок“.

Scroll to Top