Лионел Меси урна уште еден рекорд. Тој е првиот фудбалер од Јужна Америка со постигнати 80 голови за националниот тим.
Аргентина го победи Уругвај со 3:0, Меси го постигна првиот гол, со кој го престигна Пеле на вечната листа. Голот против Уругвај, во 28.минута е најчудниот во неговата кариера. Намерата на Меси беше да асистира, а откако топката ја промашија Лаутаро Мартинез и ургвајскиот голман Фернандо Муслера, таа заврши во голот.
„Одигравме совршен натпревар. Уругавј е опасен тим, трпеливо ја чека секоја грешка на противникот. откако го постигнавме првиот гол се ни се отвори. Забележавме голема победа на на патот кон Светското првенство во Катар“, рекол Меси.
Аргентина се наоѓа во серија од 24 натпревари без пораз, летово го освоија трофејот на Копа Америка. Овој трофеј е прв за Меси во дресот на Аргентина.