Кошаркарите на Хјустон водат 3-2 во финалната серија во Западната конференција, откако во петтиот меч забележаа победа над Голден Стејт 98:94. На Хјустон му е потребна уште една победа за да избори пласман во големото финале.
Хјустон Рокетс, слино како и во претходниот меч, многу подобро го отвори натпреварот, по само неколку минути предноста беше двоцифрена, меѓутоа до крајот на првиот период, актуелните шампиони преку Дурент и Ливингстон намалија на 23:17.
Голден Стејт полека го фати ритамот, иако Хјустон константно ја имаше предноста и на полувреме тимовите заминаа со 45:45.
Резултатска нишалка донсе третиот период, а минимална предност 71:72, стекнаа Вориорс, благодарение на Кари и Дурент.
Последната четвртина му припадна на бекот на Хјустон, Ерик Гордон, кој со неколку поени во финишот успеа да направи разлика.
Голден Стејт имаше топка на седум секунди до крајот при водството на противникот 96:92, меѓутоа Грин се лизна и не успеа да ја прифати топката, а потоа го фаулираше Грин, кој од линијата за слободни ги постави конечните 98:94.
Она што ги загрижува сите во Хјустон по победата е повредата на Крис Пол. Плејмејкерот го повреди бутниот мускул, но во клубот се уверени дека ќе биде во тимот на натпреварот број шесг, кој се игра в недела наутро во Оукленд.
Најефикасен кај Хјустон беше Гордон со 24 поени, Пол постигна 20, а Харден имаше 19 поени, четири асистенции и три скока. Двоен ефект забележа центарот Капела (12 поени, 14 скока).
Најефикасен кај Голден Стејт беше Дурент со 29 поени, Томпсон постигна 23, Кари 22, а Грин забележа 12 поени и 15 скока.