Барселона ги договори условите под кои ќе биде потпишан новиот договор со Педри. Фабрицио Романо, објави, дека новиот договор ќе важи до јуни 2026 година.
Новинарот не ги објави деталите од новиот договор, туку само дека откупната клаузула ќе изнесува 1.000.000.000 евра.
Педри, минатата сезона од Лас Палмас пристигна во Барселона, за само пет милиони евра. Минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Барселона.
Фудбалскиот свет го импресионираше со своите настапи во дресот на Шпанија на Европското првенство.
Барселона во наредните денови ќе ја официјализира соработката со Педри.