Барселона попладнево одигра контролен натпревар со локалниот ривал Кареља. Роналд Куман го искористи овој натпревар за може да Серхио Агурео да фати ритам за официјалното деби во дресот на Барселона.
Аргентинецот, кој летово, дојде како слободен играч од Манчестер сити, ги одигра првите 30 минути. Агуеро, заедно со Ансу Фати, го предводеше нападот и успеа да постигне гол. Натпреварот заврши со резултат 2:2.
Роналд Куман повторно играше во формација 3-5-2 со Нето – Пике, Умтити, Ленгле – Мингеза, Пуиг, Роберто, Кутињо, Алба – Агуеро и Фати.