Франција во неделата на „Сан Сиро“ ја победи Шпанија со 2-1 во финалето на второто издание на Лигата на нации на УЕФА. На полувремето беше 0:0, a кога фудбалерите отидоа во соблекувалната Пол Погба „одржал говор“, а некој од соиграчите го снимил моментот.
„Мораме да бидеме агресивни, сите, од напаѓачи до играчи во одбраната. Да освоиме топка и да одиме во напад. Да, мора многу повеќе да трчаме затоа што имат страшно квалитетни играчи, но имаме и ние. Мора да ја држиме топката и да ги натераме да патат. Во второто полувреме мора да бидеме агресивни“ рече Погба, по што на фудбалерите им се обрати селекторот Дидие Дешам.
Шпанија поведе во 64. минута со голот на Микел Ојарзабал, па Франција израмни по само 2 минути со голот на Бензема, а конечниот резултат го постави Мбапе во 80 минута.
Paul Pogba’s leadership skills were on show at half-time in the Nations League Final ???
— UtdDistrict (@UtdDistrict) October 12, 2021