Поранешниот српски фудбалер, Алберт Наѓ се потсети на легендарниот меч помеѓу СР Југославија и Хрватска во квалификациите за ЕУРО 2020, објаснувајќи дека сакал да го „ликвидира“ Роберт Јарни по (не)славниот инцидент со Зора Бата Мирковиќ, кога тој го грабна за јајца.
Во првиот меч помеѓу Хрватска и СР Југославија по растурањето на поранешната СФРЈ во Загреб во 1999 година, Мирковиќ доби црвен картон по неспортскиот потег, а мечот заврши 2:2, и на крајот СР Југославија отиде на ЕП во Белгија и Холандија во 2000.
„Бата Мирковиќ тогаш испадна херој, но беше прашање што ќе се случеше доколку не влезевме на Европското првенство тогаш. Кога видов дека шпанскиот судија му покажува црвен картон, веднаш тргнав кон Јарни, ќе го ‘ликвидирав’. Цела среќа што судијата не го виде мојот бес, бидејќи и јас ќе добиев црвен. Ден подоцна се сретнавме со Јарни на аеродром и почнавме да се смееме. Тоа беше нормално, надвор од теренот бевме пријатели, а на теренот професионалци“, вели Наѓ.