Top Sport

Солскјер: Јас сум менаџерот и јас ќе кажам кога ќе игра Роналдо

Оле Гунар Солскјер инсистира дека тој ќе биде човекот кој ќе одлучи кога Кристијано Роналдо ќе игра за Манчестер јунајтед, откако беше критикуван што го остави на клупа Португалецот на мечот против Евертон.

Јунајтед одиграа 1:1 со Евертон во последниот меч пред интернационалната пауза, кога Роналдо, кој влезе како замена, беше очигледно лут по крајот на мечот, додека Сер Алекс Фергусон изјави дека „секогаш треба да стартуваш со својот најдобар играч“. Роналдо исто така беше повлечен на клупата при поразот во ЛШ од Јанг Бојс во финишот на мечот, но Солскјер инсистира дека тој ги носи одлуките во клубот.

„Јас сум менаџерот. Јас ги менаџирам фудбалерите на клубот. Убаво е да се има Роналдо на теренот бидејќи секогаш ќе донесе нешто, и подобро е да игра повеќе. Се работи за неверојатен играч и професионалец. Сите би сакале да го видиме да игра шест меча во шест дена. Но, ротацијата во тимот е неопходна за да стигнеме во април и мај со цел тим и со подготвен тим. Лани во мај бевме уморни“, вели Солскјер.

Менаџерот ќе треба да биде сигурен дека Роналдо и остатокот од тимот е на висина на задачата, бидејќи сега почнува низата од шест клучни мечеви, меѓу кои дуелите со Ливерпул, Тотенхем и Манчестер сити во Премиерлигата и двата меча со Аталанта во Лигата на шампионите.

Scroll to Top