Top Sport

Кикбокс легендата Петросјан доживеа брутален нокаут

Еден од најголемите кикбоксери во историјата, Италијанецот со ерменско потекло Џорџо Петросјан доживеа брутален нокаут од тајландскиот ривал Супербон Бачамек во меч за титулата на ОНЕ шампионатот.

35-годишниот Петросјан, во втората рунда за титулата во перо категорија во Сингапур, доби фантастичен удар во главата, по што неговиот противник танцуваше околу него, додека тој лежеше неподвижен.

„Од Доктор до пациент“, беа коментарите за Петросјан, кој има прекар „Доктор“.

Петросјан во кариерата има над 100 победи, еден куп светски титули, вклучувајќи ја и ОНЕ титулата од 2019 година.

Scroll to Top