Боксерската легенда Мајк Тајсон, човекот кој се нарекуваше „најлошиот човек на планетата“ и кој одгриза уво на својот ривал во рингот, вели дека марихуаната и магичните печурки му помогнале да стави крај на лудиот начин на живот и да го пронајде Бог.
Поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија признава дека не очекувал да го доживее својот 40. роденден паѓајќи во спиралата на користење на алкохол и дроги. Тој беше осуден. Тој вторпат заврши во затвор во 2007 година откако возеше под дејство на алкохол и за малку ќе се удреше во полициско возило. Од 2016 година, тој се „откачи“ од дрогите и алкохолот и „вторпат“ беше роден.
„Пред само пет години бев џанки. Мислев дека нема да преживеам. Тогаш ме запознаа со животински и растителни лекарства. Порано бев во весниците само поради некои негативни работи. Тој човек го нема. Не ме гелдате на забави повеќе, бидејќи тоа не е мојот живот. Тешко е да се изразам, но психоделичните супстанци ми помогнаа да ја вратам комуникацијата со Бог. Не користам марихуана и магични печурки рекреативно, туку од спиритуална перспектива“, објаснува Тајсон во интервју за магазинот „Форбс“.