Top Sport

Лазаров ги „однесе“ Нант во прво големо финале! (видео)

Македонскиот ракометен „магионичар“ и рекордер Кирил Лазаров беше еден од најзаслужните што Нант успеа со 32:28 да го совлада фаворизираниот Пари Сен-Жермен во првото полуфинале на Лигата на шампиони во Келн.

Нант ќе го чека подобриот од дуелот на актуелниот европски и македонски шампион, Вардар и Монпелје, така што има многу големи шанси утре да се случи ретка ситуација – Македонците да навиваат против Лазаров!

Нант од почетокот до крајот на мечот беше во резултатска предност, меѓутоа во финишот на мечот, ПСЖ успеа да се врати од 28:23 на 29:28, и кога мечот се „кршеше“, фантастичниот голман Сирил Думулан го реши мечот двапати во „дуел“ со Микел Хансен, а во нападот Нант постигнуваше голови и со два играчи помалку за импресивна 32:28 победа.

Лазаров со осум гола беше најефикасен за тимот на Нант заедно со Николас Турна, додека кај ПСЖ залудни беа шесте гола на Рамили и петте на Хансен. Големиот клуб од Париз, нема да има шанса да се одмазди на Вардар во финалето и сега ќе го чека тренерот на „црвено-црните“, Раул Гонзалес, кој следената сезона ќе се обиде да им ја донесе титулата која уште еднаш им „избега“.

Покрај финалето, Лазаров стана и најдобар стрелец на еден Фајнал фор турнир, поминувајќи ги Филип Јиха и Момир Илиќ.

 

Scroll to Top